На повикот за солидарност со српските студенти, на невладината Еквалис во Скопје, пред српската амбасада се појавија 15тина луѓе, воглавно поврзани со невладината организација.
Како што рекоа сакаат да изразат поддршка за студентите и да искажат противење на авторитарниот режим во Србија.
На прашање зошто има слаб одзив рекоа дека ги повикале и македонските студенти на протестот. Тие дале писмена поддршка, но не сакале и физички да присуствуваат пред српската амбасада.
Според организаторот, ваквиот протест се должи и на поддршката што српските студенти им ја дале на македонските кога во 2016 година тие беа дел од Шарената револуција во Скопје.
На социјалните мрежи голем дел од граѓаните реагираа негативно. Велат дека сето ова е „масло“ на платеници, и дека ние треба да си го гледаме „нашиот двор“.