ВИДЕО: Скопје за Илинден празно како да е полициски час

Од:

Скопје за време на продолжениот викенд по повод празникот Илинден наликува како во деновите кога беше воведен полициски час поради коронавирусот. Улиците се буквално празни, поминува само по некој автомобил, а топлото време дополнително придонесува да нема луѓе по улиците.

На социјалните мрежи се вртат коментари дека „конечно Скопје сега е чисто, а во Охрид е валкано“, а има и коментари од малиот број луѓе што останаа дома за време на празникот дека можат да уживаат во тишината на градот.

Скопје се испразни, но затоа се наполнија туристичките места, особено Охрид, Струга и преспанскиот крај, но не изостануваат ниту гостите по планинските места како Пелистер и Попова Шапка.

Годинава Илинден, меѓудругото, можеби најмногу ќе се памти по лошата слика што ја оставија домашните туристи, особено во Охрид. Гужви по плажите, непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, расфрлано ѓубре по плажите и по улиците, уринирање во езерото е само дел од сликата во Охрид викендов, град кој буквално колабираше со оглед на бројот на гости и нивното непристојно однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски