ВИДЕО: Скопје ја доби и втората тартан патека во градот

Од:

По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти, информираат од Град Скопје.

– Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1000 метри. Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново ЛЕД осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини -инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад – кажа на промоцијата на патеката градоначалникот Шилегов.

Шилегов додаде дека новата тартан патека заради сенките од околните дрвја кои ја штитат од сончевите зраци е поволна за користење и во летниот период кога паркот природно привлекува многу наши сограѓани кои криејќи се од летните температури доаѓаат тука да прошетаат, одморат и да се рекреираат.

Од Град Скопје потсетуваат дека пред две години ја изградиле првата тартан патека, околу малото езеро, која е долга 534 метри.

Оттаму велат дека ќе продолжат и понатаму да ги зголемуваат и уредуваат урбаните површини кои граѓаните ги користат за спорт и рекреација и на тој начин да ја унапредува животната средина создавајќи услови за развивање на здрави навики кај граѓаните.

Изминатиов период Град Скопје инвестираше многу за подобрување на условите за спортистите и рекреативците во паркот, каде покрај изградбата на двете тартан патеки, целосно е завршената и реконструкција на сите пешачки мостови, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања