(ВИДЕО) Скопјани до градскиот татко: Во опасност сме при секое излегување на улица

Од:

Денешниот протест за подобрување на безбедноста во сообраќајот заврши пред портите на Град Скопје каде граѓаните со своето присуство им порачаа на градските власти дека мора да преземат активности за да се намали бројот на несреќи низ скопските улици.

Новинарот Огнен Јаневски му порача на градоначалникот, Коце Трајановски, дека е неподобен да биде татко на градот.

Според податоците во изминатиов месеци се случиле околу 15 сообраќајни незгоди во Скопје и околината, а статистиките говорат за вкупно 66 жртви последните шест месеци, рече Јаневски.

-Градоначалникот, Коце Трајановски е директно одговорен за инфраструктурата. Вели се грижи за безбедноста на улиците, булеварите и граѓаните, дека постојано инвестира, но неговата грижа не е насочена кон пешаците велосипедите. Град Скопје нема доволно тротоари и обележани велосипедски патеки. Секое наше излегување на улица претставува загрозување на безбедноста. Оддаваме почит на жртвите и бараме булеварите и улиците да не бидат авионски писти на кои ќе фрчат автомобили, а при тоа да се загрозува здравјето и животот на луѓето. Коце врати ни ги улиците. Бараме од тебе да бидеш татко за сите граѓани. Доколку не можеш повлечи се од својата функција. Сметаме дека ти си неподобен да бидеш татко на градот – рече Јаневски во својот говор пред насобраните граѓани.

Протестот беше мирен, без скандирања, извикувања и овации. Првичната намера беше да му се одаде почит на 13-годишниот Давид кој минатиот петок беше усмртен додека со својот велосипед поминувал на пешачки премин на булеварот „Илинден“.

Во меѓувреме на улиците во Скопје настрада уште еден велосипедисти кој, според граѓаните на протестот, им подлегнал на повредите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он