(ВИДЕО) Силјановска: Законот за употреба на јазици е противуставен и го урива Охридскиот рамковен договор

Од:

Предлог-законот за јазици кој е во собраниска процедура по скратена постапка, е противуставен и го урива духот на Охридскиот рамковен договор, изјави професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова во дебатата на „Макфакс“.

Членовите од предлог-законот кои што се однесуваат на униформите, симболите и судските постапки, се носат со двотретинско, а не со обично мнозинство, вели Силјановска-Давкова. Дополнително, вели универзитетската професорка, предлог-законот за употреба на јазиците, не се повикува на регулатива или директива на ЕУ, за да биде со европско знаменце и да се носи по скратена постапка, а освен тоа е и во спротивност со деловникот на Собранието.

Професорката од Институтот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска изјави дека никој од Владата не ги повикал на консултации пред Законот да влезе во собраниска процедура.

Би можело да ве интересира

Силјановска-Давкова: Ќе донесеме четири милијарди евра инвестиции

Жарко Настоски

Силјановска: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Жарко Настоски

ВИДЕО: Силјановска: Наместо папагалски да го повторувате името на државата, ставете во заграда Републиката

Сиљановска: Оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе

Татјана Ташкова

Сиљановска: Над 70 проценти од младите својата иднина ја гледаат надвор од Република Македонија

Сиљановска во Чаир: Не сакам да тргувам со гласовите на граѓаните