ВИДЕО: Силјановска: Наместо папагалски да го повторувате името на државата, ставете во заграда Републиката

Од:

Професорката Гордана Силјановска Давкова од јавната дебата за законот за јавно обвинителство порача во текстот на законот еднаш да биде употребено новото име на државата, а понатаму во текстот да стои републиката, затоа што според неа, името е се уште болна тема за граѓаните.

“Нема потреба папагалски да го повторувате името на државата, тоа е се уште болна тема за сите нас. Еднаш нека стои ново име Северна, потоа во заграда ставете републиката” порача професорката Силјановска.

Таа порача и дека носењето на ваков суштински закон треба да биде носен надвор од политички пресметки, а пратениците да гласаат по сопсвено убедување.

” Слушаме информации дека се разговара за потребното мнозинство, дека треба да се донесе законот, но процедурата е гаранција за демократијата. Пратениците треба се изборат за ова право и да гласаат по сопствено убедување.” рече Силјановска.

Според неа законот не би требало да се носи по скратена постапка, а требало да биде доставен и до Венцијанската комисија која треба да правно мислење.

” Ако имаме закон со европско знаменце тогаш треба и процедурите да се европски. Легитимноста на знаменцето ќе беше ако го пратевте до Венецијанската комисија и добиевте правно мислење.

Не сакам да го споменам специјално донесениот закон, за специјално обвинителство со договор на 4 партии, невиден феномен во правото, но кој ете влеваше надеж дека ќе стави крај на криминалот и корпцијата, а заврши во Рекет”,додаде Силјановска.

Би можело да ве интересира

Силјановска-Давкова: Ќе донесеме четири милијарди евра инвестиции

Жарко Настоски

Силјановска: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Жарко Настоски

Сиљановска: Оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе

Татјана Ташкова

Сиљановска: Над 70 проценти од младите својата иднина ја гледаат надвор од Република Македонија

Сиљановска во Чаир: Не сакам да тргувам со гласовите на граѓаните

Сиљановска во Битола: Реформите треба да почнат од оние најгоре