Професорката Гордана Силјановска кажа дека прифатиле да се упатат кон Собранието каде беше презакажана дебатата поради тоа што за нив е непристојно од пред хотел да му ја упатат пораката на премиерот. Таа кажа дека дебата е прифатлива само по откажувањето од овој закон, но и во законска процедура каде премиерот не закажува дебати во законодавниот дом.
-Ме праша колешеката дали сме спремни да се сретнеме со премиерот. Се разбира, но само во рамките на деловнички утврдената процедура, премиери не може да ја утврдуваат процедурата. Законската процедура е утврдена со Деловникот на Собранието. Шансата беше претседателот на комисијата за образование и наука да не повика па да дебатираме.
Втората шанса беше собраниската расправа, второто читање да заврши со отворање дебата, а тоа може според Деловникот да го направи само матичната собраниска комисија.
Јас сум легалист, како што не можам да учествувам во таканаречена дебата која не е правно втемелена и која се одвива во Александар Палас, не можам ни денеска. Ова е надвор од процедурата, а процедурата е гаранција за демократијата. Ова не само што е пост фестум, но е и надвор од процедурата но и така веројатно се учи демократија, со вежбање.
Ние како професори сега да станеме соучесници на кршење на Деловникот, на Законот па и на Уставот за начелото за поделба на власта би било срам пред студентите, рече професорката Силјановска.
Според Силјановска, прифатиле да дојдат пред Собранието по упадот на премиерот на нивната прес конференција поради што било непристојно пред портите на хотел да ја упатат оваа порака.
– Дојдовме овде за да го кажеме ова, пред портите на хотел е непристојно, рече Силјановска.
Владата не е организатор на дебата. Амандманите се во рацете на пратениците, ние ги поднесовме нашите мислења и ставови до Собранието, како е можно сега повторно да се отвори дебата надвор од Деловникот, не ни е јасно.
Законите треба да се носат во законски утврдена процедура , а нашиот став е јасен-граѓански протести и граѓанска непослушност за ваквите закони, рече професорката Силјановска.