ВИДЕО: Силјановска ги повика разочараните од власта и од „шарената револуција“ да гласаат за неа

Од:

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова беше во посета на Општина Јегуновце, каде оствари средба со голем број на граѓани.

При посетата таа им се обрати на граѓаните од Општина Јегуновце и рече дека незамисливо е во 21-ви век во услови кога постојат ОН, Совет на Европа, Меѓународен суд на правдата во Хаг, да не се почитува правото на самоопределување.

Обраќање во Јегуновце, 01.03.2019

Кој ќе гласа за мене? Јас сум некој кој ќе ги претставува сите граѓани на Македонија, оние кои редовно гласаат за ВМРО ДПМНЕ, оние кои се разочараа од оваа власт, оние кои се разочараа од револуцијата, оние кои никогаш не гласале, оние кои се почуствуваа дека го губат достоинството, оние кои ми биле студенти без разлика на етничка и верска припадност, бидејќи граѓани гласаат на избори. Поединци, а не партии!#ПравоИПравдаЗаМакедонија ??

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Петок, 01 март 2019

„Бидејќи пред се сум обичен човек, човек од народот, како велел Линколн „Од народот за народот, со народот“, би требало да бидат оние кои го претставуваат. Честопати си велам, замислете си сега да сте на возраст од 75 години, бидејќи Македонија е во женски род, возрасна жена од 75 години на која треба сега да и се смени името, а вие ја убедувате дека тоа нема да се одрази на нејзиниот идентитет. Сакам да кажам дека името е важен дел, името е нешто на идентитетот. Името е важен елемент на идентитетот“, појасни Силјановска.

Таа вели дека поради сето ова што се случува моментално во државата, за неа на изборите ќе гласаат не само луѓе кои гласале секогаш за ВМРО-ДПМНЕ, туку и многу други. Таа ги спомна и разочараните од оваа власт, оние кои никогаш не гласале, разочараните од шарената револуција, оние кои почувствуваа дека го губат достоинството по сето она што се случуваше овие неколку години.

„Ќе гласаат сите без оглед на етничка и верска припадност, бидејќи граѓани гласаат на избори како поединци, а не партии. Значи оние кои навистина сакаат промена“, изјави Силјановска.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски