(ВИДЕО) Шутаров: Состојбата со сметот во Скопје е крајно сериозна, предлагаме повеќе мерки

Од:

Скопје ова не го заслужува, а најмалку од се што можат да направат и градоначалникот на град Скопје, но и мнозинството во светот на градот Скопје, предводено од ВМРО-ДПМНЕ е да излезат јавно и да им се извинат на граѓаните, бидејќи дозволија да се случат вакви ситуации, истакна советникот на град Скопје од СДСМ Гордан Шутаров, на денешната вонредна седница на советот, иницирана по барање на советниците од СДСМ.

Шутаров нагласи дека однесувањето на надлежните во ЈП Дрисла, кои не дозволија да се истовари веќе собраниот смет е недозволива исто како што е недозволиво истурањето смет на јавна површина од страна на градоначалниците на ДПМНЕ.

Шутаров предложи повеќе краткорочни и долгорочни мерки за справување со состојбата предизвикана од хаосот со сметот и во ЈП Комунална и хигиена, меѓу кои за вклучување на сите претпријатија во чистењето, за редовно миење и чистење на сите улици и сообраќајници во град Скопје, дезинфекција и дезинсекција на контејнерите и на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и нивната околина, како и итна набавка на 5 нови камиони и механизација за собирање на смет и отпад и на 5 нови модерни еколошки чистачи на улици и сообраќајници.

Шутаров упати повик до сите државни и надлежни институции детално и до крај да ги испитаат сите наводи, кои се наведени во поднесените кривични пријави и во кривичните пријави кои допрва ќе се поднесуваат, детална проверка на договорите за вработување на вработените за кои има сомнеж дека не се појавуваат на работа и остваруваат право на плата, одговорност за сите кои директно и индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП Комунална хигиена, проверка на состојбите со договорите за вработување и во останатите ЈП во соработка со надлежните државни институции, ревизија на работата членовите на УО и НО на ЈП Комунална хигиена, ревизија и формирање на работно тело за надзор на работата на ЈП, редовни и чести координации меѓу градоначалникот на град Скопје, претседателот на советот и координаторите на советничките групи, како и соработка на ЈП за надминување на состојбите во градот.

Состојбата во градот е крајно сериозна, или крајно сериозно ќе и пристапиме или на крајот на мандатот ќе немаме ниту град, ниту институции, ниту јавни претпријатија, порача советникот од СДСМ во советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница