(ВИДЕО) Шутаров: Несериозни се изјавите на Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници

Од:

Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје. Во овие нецели три години локална власт на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нашите ставови сме ги кажувале јасно, гласно, недвосмислено, транспарентно и секогаш сме имале аргументи и став зошто определени одлуки во Советот на Град Скопје сме ги поддржале, а исто така и зошто за определени одлуки не сме дале наша поддршка, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

– Советот на Градот Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер, демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои на изборите застапувале свои програми, идеи и проекти. Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници. Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата “За Модерно Скопје, брзо и сигурно”. Ниту модерно ниту брзо а најмногу од се нај несигурно.

За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје. Наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив. Ова неодговорно однесување е потценување на интелигенцијата на граѓаните, на скопјани. Затоа СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да делува конструктивно и секогаш ќе ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани. СДСМ нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место.

Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје се уназадува. Негласањето за НИШТО и блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје. Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Арсовска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи. Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје. Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси – изјави Шутаров.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?