(ВИДЕО) Шутаров: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска – Левицата не работи за Скопје и граѓаните

Од:

Одбивањето на иницијативата за одржување вонредна седница за загадувањето во Скопје потврди дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ -Арсовска – Левицата не работи за граѓаните. Советниците од Левицата и од ВМРО-ДПМНЕ се против мерки за намалување на загадувањето, против решенија за овој горлив проблем за скопјани. Очигледно, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се важни само теглите со мед, тендерите, провизиите и бизнис-влијанијата, не ја засега што состојбата со аерозагадувањето во Скопје е сериозна, а скопјани со недели дишат токсичен воздух. Очигледно дека со своето дејствување исто е и со советниците од Левицата, кои упорно го игнорираат проблемот со загадувањето и постапуваат исто како што постапува ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Според Шутаров, целата одговорност за хаосот и катастрофата што му се случуваат на Скопје, целата одговорност за загадениот воздух е кај ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска и Левицата. Граѓаните бараат конкретни и ефикасни мерки, а не гол популизам и политиканство за ваков сериозен проблем. Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ и Левицата го заглавија главниот град, намалени се средствата за животна средина, нема никаква идеја, никакво решение што е во интерес на градот и неговите граѓани.

Градската власт предводена од ВНРО-ДПМНЕ, а поддржана од Левицата, е и најнеспособната градска власт во историјата на Скопје, изјави Шутаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски