(ВИДЕО) Шутаров: ЈСП ќе набавува гориво по 118 денари за литар каде ќе завршува разликата?

Од:

Неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ е единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. 14 и пол милиони литри дизел гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар, изјави на денешната прес-конференција на СДСМ, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Тој објави документ, дел од склучениот договор за гориво за потребите на ЈСП и истакна дека вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра.

Шутаров додаде дека цената на дизел горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони.

ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно околу 500.000 евра.

Според Шутаров ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба.

Тој праша каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока и истакна дека одговорност за овој класичен пример на расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор, чии членови се главно активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Шутаров додава дека со вакво неодговорно, расипничко раководење ЈСП е во колапс, а Градот влегува во банкрот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска му приредуваат нова катастрофа на Град Скопје. Со денови јавниот превоз е во колапс, а граѓаните не можат навремено да ги завршат своите обврски.

– Наместо да понудат решенија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кои ја имаат власта во Град Скопје меѓусебно се препукуваат за рацете во медот, додека проблемите на граѓаните ги игнорираат. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата непогода што му се случува на Град Скопје, изјави Шутаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“