(ВИДЕО) Шутаров: ЈСП доби 8,6 милиони евра а нема превоз, несподобните ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска создадоа хаос

Од:

Советникот на СДСМ во советот на Градот Скопје, Гордан Шутаров, во говорот на вонредната сединица дека за само 1 година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во Скопје предизвикаа катастрофа, катализма во главниот град и скопјани ги оставија без јавен превоз.

„За прв пат во својата историја на Градот Скопје, граѓаните останаа без јавен превоз. Прв пат од независна Македонија па до денеска, пензионерите, средношколците, граѓаните да не можат да користат јавен превоз. Помина само 1 година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за да се случи ваква катаклизма со јавниот превоз. Најгневни од сите се скопјани и тоа со право“, рече Шутаров.

Советникот на СДСМ потсети дека во буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со ребалансот на 30.06.2022 година за ЈСП беа предвидени вкупно 530.000.000 денари или 8.6 милиони евра.

„Дури 8,6 милиони евра пари на граѓаните од Градот Скопје се наменија за ЈСП, за денеска граѓаните да не можат да ги користат услугите на ЈСП. Пари на граѓаните за денес граѓаните, пензионерите, студентите, средношколците да не можат да ги користат услугите на ЈСП и да не можат да отидат на работа,факултет,училиште или пазар“, кажа Шутаров.

Владата има „нула“ долгови спрема ЈСП, тоа е груба лага, додаде Шутаров.

Би можело да ве интересира

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот