(ВИДЕО) Шутаров: Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани?

Од:

Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање: Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?, рече Гордан Шутаров на денешната прес-конференција.

„Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Што кријат Мицкоски, Јанушев и ВМРО ДПМНЕ?

Дали нивната поврзаност со Орце Камчев или нивната улога во случајот познат во јавноста како Рекет?

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?

Јавноста очекува одговори.“, наведе Шутаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски