(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

Од:

Пред полн плоштад, со поддршка од сограѓани, сопартијци и граѓани разочарани од досегашното владеење, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вечерва од Кисела Вода испрати јасна порака: „Скопје заслужува повеќе. Време е за работа, не за шминка и слики.“

Шукова, заедно со Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски, зборуваа за визијата што ја има за градот и општината, со акцент на конкретни и изводливи проекти.

Таа се осврна на ветувањата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека над 80% од неговата програма останала само на хартија.

„Нема паркови, нема спортски сали, нема гасификација, нема населба за млади. Има само слики, загадување и крпени улици. А сега истиот човек сака да го води Скопје? Ние велиме НЕ!“, истакна Ралева.

Шукова ја претстави својата визија како патоказ за реална промена. Таа најави 15 нови паркови за 15 месеци, инвестиции во модерен јавен превоз со еко-автобуси, сообраќајни решенија за метежот, како и системско решавање на депонијата Дрисла, која со години го труе воздухот на скопјани.

„Дрисла не е туѓ проблем, тоа е рана на нашиот град. Ќе воведеме модерно управување, 24/7 надзор, и конечно ќе ставиме крај на чадот и дивите депонии. Ова е прашање на здравје, достоинство и правда за сите жители на Кисела Вода,“ истакна таа.

Кандидатката не ги избегна ниту чувствителните теми поврзани со урбаното уредување и грижата за секојдневниот живот на граѓаните:
„Вие заслужувате улици со светло, не во мрак. Патишта без дупки. И градоначалник кој не се сокрива зад ПР, туку излегува меѓу луѓето и ги решава нивните проблеми.“

Шукова ги повика граѓаните да не останат неутрални на овие избори:

„На овие избори, ќе одлучуваме дали ќе се вратиме на празни ветувања и заборавени проекти, или ќе тргнеме напред – со план, со енергија, со работа. Ајде заедно да го вратиме Скопје на граѓаните!“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација