ВИДЕО: Шу праите со нашето образование?

Од:

Средношколците пред почетокот на маршот опремени со транспаренти и порачаа на власта дека нема да пројде нивниот план со „лошите реформи во образованието“ и дека нема да ги прифатат.

„Шу матура“, „Ќе падне матурата заедно со системот“, „Шу праите со нашето образование“, „Преку матурава ми е“, „Не може зошто така некој одлучил“, се само дел од пораките кои средношколците и ги упатија на Владата.

Средношколскиот пленум поднесе барање до Министерството за образование и наука и до Бирото за развој на образованието за законските одредби за екстерно тестирање да се стават во мирување.

„Екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди, неспроведливо е, и е дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги разрешат образовните проблеми во државава! Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може, и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа.

Поради тоа, Средношколскиот пленум бара одредбите од Законите за основно и средно образование кои се однесуваат на екстерното тестирање, итно и неодложно да бидат ставени во мирување! Понатаму, повикуваме на влегување во сеопфатна дебата, заснована на аргументи поткрепени со податоци и факти, со јасен концепт за очекуваните резултати и начинот на кој истите ќе бидат спроведени. Дебата во која ќе бидеме вклучени ние, учениците, како и наставниците, кои го сочинуваат столбот на образовниот систем не само во нашата, туку во која било демократска држава“, стои во барањето на Пленумот.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците