На денешниот настан организиран по повод денот на првавосудсвото, меѓу присутните беа и американскиот амбасадор во Македoнија, Џес Бејли и претседателот на Советот на јавните обвинители. Тие не се поздравија, но заедно ја проследија свеченоста. На настанот кој што беше организиран во февруари, Џес Бејли го искритикува токму Штерјев за судир на интереси и непотизам при изборот на јавни обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тогаш Бејли рече дека еден од членовите на Советот учествувал во донесувањето на спорна одлука и случај каде што еден јавен обвинител, член на Советот, гласал за одлука на член на семејството на друг член на Советот.
Откако минатата недела се обидовме да го добиеме и телефонски и преку смс-порака Штерјев, тој не одговари на повиците и ги игнорираше прашањата. Денеска на настанот рече дека не сака да даде изјава, зашто веќе се произнел за тоа.
„Немојте да ме молите. Не е во ред. Денеска има настан Здружението на судии. Дадоа луѓето изјави, кажаа што имаа, јас навистина немам што да кажам по тој повод. Денеска сум дојден како гостин“. На прашањето дали ќе поднесе оставка за спорниот избор на обвинители, тој рече дека веќе одговорил на прашањето.
Претходно објавивме дека обвинителка гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ која, пак, кривично го гони нејзиниот сопруг за перење пари во случајот од 2017 година со НЛБ банка во Скопје, како и со предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки со креирање лажни шеми на должничко-доверителски односи.
Ммедиумите пишуваа дека претседателот на Советот гласал за да биде избрана неговата внука за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За овие 2 предмета се заинтересира и Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што објавивме претходно, во едниот од рефератите е констатирано дека постои судир на интереси.
В. Маглешов