Штерјев нема да одговара за судир на интереси при изборот на внуката за обвинителка

Од:

Првиот човек на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, нема да одговара за изборот на неговата внука, Марија Ѓорѓева за обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ова го утврдил Советот на јавните обвинители на седница која се одржала на 19.06.2019 година.

Седницата се одржала по иницијативата на антикорупционерите, без присуство на претседателот на Советот. Во одлуката пишува дека внуката на Штерјев му е родниина по сватовство од трет степен и затоа немало потреба од одговорност.

Советот го цитира Законот за спречување на судир на интереси, според кој, под блиски лица се наведени: лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврти степен, посвоител и посвоеник, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има приватен интерес.

„Јавниот обвинител Марија Ѓорѓева е роднина по сватовство со Коле Штерјев од трет степен, односно, истата е внука од сестра на сопругата на Коле Штерјев. Имено, согласно правната теорија и практика, за роднини по сватовство во прв степен се сметаат родителите на брачниот другар, а во втор степен браќата и сестрите на брачниот другар, вклучително и нивните брачни другари (зет, шура, зет, балдаска). Оттука, јасно произлегува дека степенот на сродство на јавниот обвинител Ѓорѓева со Коле Штерјев не спаѓа во кругот на блиски лица во смисла на погоренаведената законска одредба. Ова пак, значи дека, според Законот за спречување на судир на интереси била елиминирана можноста за судир на интереси, во смисла на овој закон, при изборот на овој обвинител“, пишува во одлуката на Советот.

Во конкретниот случај, според Советот, иако не постоела законска пречка да присуствува и да гласа на седницата, сепак Коле Штерјев одлучил да се воздржи од гласање при изборот на кандидатот Марија Ѓорѓева, и го овозможил изборот.

Во одлуката напишале дека Државната комисија не донела одлука за постоење судир на интереси во предвидениот законски рок од 30 дена, ниту пак тоа го сторила до крајот на важењето на стариот закон, а ниту на новиот закон за ДКСК.

Штерјев со неговиот воздржан глас го овозможи изборот на неговата внука за обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колевски се правда зошто барал Кочан да биде пуштен од притвор

Васко Маглешов

ВИДЕО: Антикорупциска отвори предмет за паушалите на Штерјев, Вангеловски и Караџовски

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Штерјев: Денеска сум гостин, нема да ви одговорам дали ќе поднесам оставка

Наум Локоски