(ВИДЕО) Шкријељ: ВМРО-ДПМНЕ застана зад хибридните напади, ја поткопува работата на институциите

Од:

„Скандалозен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се попречи работата на МВР и на МОН во дополнителните мерки за справување со дојавите за бомби во училиштата. ВМРО-ДПМНЕ е во целосно заложништво на радикалната Левица и наместо да ги поддржи институциите, наместо да помогне, одмага. Секогаш, во клучни моменти“, рече Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„Повикот и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Весна Јаневска против новите протоколи значи поткопување на напорите на надлежните институции во справување со хибридните напади.

Нашата земја е под постојани хибридни закани по почеток на воената инвазија врз Украина. Исто како и во другите држави од регионот, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија. Но, во ниту една од овие држави не беше забележана ваква неодговорност на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ директно застанува зад хибридните напади чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните.

Се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ со своите деструкции само бара начин да се доближи до радикализмот на Левица, да го надмине и да и предизвика штета на сопствената земја.
Ваквото неодговорно, ќе повторам скандалозно однесување е на директна штета на учениците и на образовниот процес и тоа мора да запре.

Државата согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам соодветно одговара на овие хибридни напади како и секоја друга држава.

Надлежните институции, пред се Министерството за внатрешни работи и за образование, работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава на учениците“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време