(ВИДЕО) Шкријељ: СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на народот, со одлуката за лебот ги заштитивме граѓаните

Од:

СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на граѓаните во време на криза. Со одлуката за цената на лебот од најмногу 33 денари ги заштитивме граѓаните и стандардот. Од денеска и производите на големите пекарници кои два дена ја бојкотираа оваа обврска се доставуваат до сите маркети со продажна цена од најмногу 33 денари, изјави денес на прес конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

– Имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и горивата, цената од 33 денари е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците. Разгледуваме опции и за замрзнување на цените и на други основни продукти. Граѓаните, за нас секогаш се на прво место.

Ќе остане завележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кризните прифитери треба да се засрамат. СДСМ е тука за граѓаните, продолжуваме со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата – рече таа.

Би можело да ве интересира

Шкријељ: Ковачки го покажа вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Шкријељ: Срамно, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ се обиде физички да нападне пратеничка

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки

(ВИДЕО) Шкријељ: Финансиска поддршка за пензионерите со пензии до 14.000 денари

Шкријељ: Буџетот за 2023 е развоен, 250 милиони евра за мерки и близу 800 милиони евра за капитални проекти

(ВИДЕО) Шкријељ: Им помагаме на ранливите категории во време на криза