(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Од:

Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска. Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата. Силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО. Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

– Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.Тоа е нашиот претседател Стево. Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија. Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука. На граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани. Со глас за Стево обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите – рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

Шкријељ: СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки

(ВИДЕО) Шкријељ: Во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, следува новата исплата за пензионерите