(ВИДЕО) Шкријељ: Од 7.200 денари до 10.800 денари финансиска поддршка за 105 илјади ученици за 6 месеци

Од:

Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек. Со новиот, 9 ти пакет антикризни мерки обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Помагаме повеќе за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза, изјави Санела Шкријељ од СДСМ.

– Во наредните 6 месеци по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, финансиска поддршка по ученик. Со мерката се опфатени и учениците од основното образование. Во наредните 6 месеци по 1.200 денари месечно добиваат 70.000 ученици од основно.

Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година по ученик. Вкупниот опфат само со оваа мерка се 105.000 ученици. Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно. Работиме за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност – рече Шкријељ.

Со СДСМ секој добива повеќе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

Шкријељ: СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки