(ВИДЕО) Шкријељ: Им помагаме на ранливите категории во време на криза

Од:

Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Сега, ова законско решение влегува во прoцедура пред собраниските тела и пред пратениците. Овој Закон обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 180.000 граѓани, изјави денеска Санела Шкријељ, пратеничка од редовите на СДСМ.

Во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат – корисниците на право на социјална сигурност на стари лица; корисниците на посебен додаток; корисниците на правото на надоместок заради попреченост; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Финансиска помош од 3.000 до 6.000 денари за период од четири месеци ќе добијат и пензионерите кои имаат пензии до 14.000 денари.Република Северна Македонија е социјална држава и овие мерки се во насока на помош и поддршка на оние категории граѓани кои имаат најмногу потреба од тоа.Воедно, како пратеници поднесовме предлог измени во законите за социјална и детска заштита кои значат покачување на правото за посебен додаток од 15% за сите три категории на корисници. Со предложените измени на Законот за социјална заштита се предвидува и намалување на возрасната граница за користење на правото за траен надоместок на 60 години за жени и 62 години за мажи – барање од родителите на децата со попреченост и промена на критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинирана попреченост каде доминантна е телесната која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа.

Ги повикуваме сите пратеници овие измени на законот за чии финансиски импликации веќе се обезбедени средства од Буџетот, да дадат поддршка на измените со цел исплатата на помошта да започне веќе идниот месец.Особено упатуваме апел до колегите од ВМРО-ДПМНЕ кои често знаат да блокираат закони во интерес на граѓаните.
Денес, на 17 октомври, на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, ги повикуваме да се откажат блокадите и да дадат поддршка на законските измени.Во период на криза, нема време за дневна политика, туку е потребно ефикасно делување и носење на соодветни мерки за помош на најранливите. СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат со грижа за сите граѓани – изјави Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

Шкријељ: СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки

(ВИДЕО) Шкријељ: Во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, следува новата исплата за пензионерите