(ВИДЕО) Шкријељ: Финансиска поддршка за пензионерите со пензии до 14.000 денари

Од:

Како одговор на последиците од кризата, Владата предводена од СДСМ презема низа чекори за помош и поддршка на граѓаните. Во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, рече денеска на прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.

Шкријељ напомена дека „започнувајќи од декември во наредните четири месеци парична помош ќе добиваат корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

– Финансиска поддршка е предвидена и за пензионерите кои добиваат пензии во висина до 14.000 денари. Покрај финансиската поддршка, во март следува ново усогласување на пензиите за 330.000 пензионери. Согласно новата методологија за усогласување на пензиите како збир од растот на трошоците на живот и растот на платите, проценките се дека во март пензиите ќе порасната помеѓу шест и седум отсто. Тоа ќе значи покачување за над 1.000 денари на просечната пензија која сега изнесува 17.422 денари. Преку одговорните и ефикасни политики, успеваме за само една од март 2022 до март 2023 година да ги зголемиме пензиите за околу 16 отсто, што никогаш досега се нема случено“ рече пратеничката од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Горан Наумовски

Шкријељ: СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки

(ВИДЕО) Шкријељ: Во тек се исплатите на финансиската поддршка за учениците, следува новата исплата за пензионерите

Шкријељ: Финансиска поддршка до 10.000 денари за ранливите граѓани во наредните пет месеци

Катерина Ѓуровски