(ВИДЕО) Шиповиќ: ДПМНЕ дезинформира, ДУП-овите се на седница в четврток

Од:

На денешната прес конференција, Мирослав Шиповиќ-претседател на Советот на општина Центар, реагираше на вчерашната изјава на советничка од ДПМНЕ и на написите и дезинформациите во некои медиуми.

„По кој знае кој пат повторно се лаже народот. Договор беше на седницата да се разгледа само ребалансот на буџетот, за да може општината да функционира, затоа тие и ги повлекоа 150-те амандмани, а на ново продолжение да бидат другите, веќе утврдени точки“, рече Шиповиќ.

Тој веќе го закажал продолжението на седницата за в четврток, 20.јуни, во 8 и 30, на која ќе се разгледуваат сите точки.

„Значи лагата и триумгалната изјава за некаква си победа на ДМПНЕ е само обична лага и дезинформација. Лага е и дека кога ќе биде усвоен ДУП-от, и ако продолжи да се гради црквата ќе била дивоградба“, рече Шиповиќ.

Претседателот на Советот јасно посочи дека градинката ќе се гради, а и училиштето. Прво е изработка на проект и следува изградбата .

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа 13 години на власт и ова не го сторија, градоначалникот и Советот како што ветија, така и реализираат“, рече Шиповиќ.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски