(ВИДЕО) Шилегов: За ВМРО-ДПМНЕ бранењето на Македонија е од 11 до 18 часот

Од:

Пратениците на СДСМ и коалицијата веќе искористиле еден метод за деболкирање на конститутивната седница, а тоа е доведување до апсурд на целата ситуација пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат сами со себе. Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за А1он рече дека тие би продолжиле со дебата единствено ако Собранието работи до исцрпување на точките на дневен ред.

– Веќе 62 пратеници поднесовме барање за продолжување на работата на седницата меѓутоа на „големите македонски патриоти“ во ликот и делото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очигледно бранењето на Македонија им е од 11 до 18 часот, се друго понатаму е за нив неприфатливо, вели Шилегов.

Тој кажа дека немало координативна седница, туку тоа било алиби на ВМРО-ДПМНЕ да побараат пауза со цел да се одложи работата на седницата.

– Очигледно е дека оваа струкутра на луѓе не прави ништо друго освен што ги одложува процесите со цел за себе и за раководството на ДПМНЕ избегне евентуална одговорност за кривичните дела. Проблемот е што заради таквото нивно поведение плаќаат граѓаните, а не може да се спроведат реформите и да одат напред демократските процеси, рече за А1он Шилегов.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните