(ВИДЕО) Шилегов: За новиот корупциски скандал во Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има!

Од:

„За новиот корупциски скандал во Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.
Владимир „дил-ориентед“ Пешевски со години од позиција на вицепремиер директорувал со компанија од Кипар и со години го криел тоа, што е спротивно на Законот за спречување судир на интереси“, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Прво, Пешевски молчи зошто не ја пријавил компанијата од Кипар во Анкетниот лист.
Второ, Пешевски молчи за приходите преку кипарската фирма и колку данок платил за тие приходи во Македонија.

Трето, Пешевски молчи како од сите фирми на светот, станал директор баш на офф-шор фирма од Кипар.

Омилени фирми за врвот на владата и ВМРО-ДПМНЕ се офф-шор копаниите и рајските дестинации коишто ги кријат вистинските сопственици и трансферите на парите.

Пешевски мора да сноси одговорност.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција не смеат да молчат туку мора да преземат мерки согласно законите.

Игор Тантуровски, донатор на ВМРО-ДПМНЕ, не случјано беше избран за нов претседател на Комисијата.

Државната комисија за спречување на корупција го штити Пешевски наместо да ја објави неговата изјава за судир на интереси и да отвори предмет.

Со непостапување, членовите на Државната комисија за спречување на корупција се сторители на кривично дело и ќе одговараат пред правдата.

Почитувани граѓани,

Криминалната власт преку продлабочување на кризата се обидува да се спаси од одговорноста. Тоа, нема да се случи.

Во Македонија ќе се врати правото и правната држава. Тоа ќе се случи.

Аболицијата ќе биде поништена целосно. Сите што го прекршиле законот ќе одговараат. И тоа ќе се случи.

На аболицираниот Никола Груевски треба да му биде јасно:

Нема спас ниту за него ниту за неговото друштво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ