(ВИДЕО) Шилегов: Во бунарот за едно паркинг место ни трошеле до 50.000 евра, знаевте?

Од:

Нели власта на Груевски најави дека Скопје 2014 ќе чини 80.000.000 евра?!

Е толку чинат само 6 катни гаражи во Скопје.

Две од гаражите се недоправени, што значи ќе влечат уште народни пари, најмалку две од нив се во распад, но она што ќе ве шокира како и нас е следново: дека за само едно паркинг место плаќаме до неверојатни 50.000 евра, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Еве да ја земеме за пример катната гаража од Скопје 2014, Даме Груев. Чини над 30.000.000 евра (30.956.068 евра). Капацитетот на гаражата е 600-тини паркинг места. Ова значи дека граѓаните на Македонија, за само едно паркинг место, во оваа катна гаража, плаќаат 51.593 евра!

dame

Катната гаража на Мито Хаџивасилев Јасмин, чини 12.000.000 евра. Има капацитет од 445 паркинг места. Тоа се речиси 30.000 евра (28.507 евра) за едно паркинг место!

jas

Да беа само нелогичностите во илјадниците евра за едно паркинг место.

Ако веќе катните гаражи чинат милиони, барем да беа саглам направени. Но ја немаме ни таа среќа.

За патриотската гаража Солунски конгрес, позади Пошти, отишле 7.300.000 евра пари на граѓаните. По само месец и половина лифтовите почнаа да тресат, а на столбовите им затребаа стабилизатори.

sol

Само некој километар понатаму, во мувла и влага се топат 5.700.000 евра што ги изеде гаражата кај Судска палата.

Значи, Скопје 2014 требаше да чини 80.000.000 евра а само за овие шест катни гаражи во центарот на Скопје, власта на Никола Груевски потроши над 72.000.000 евра. Досега!

suds

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он