(ВИДЕО) Шилегов: Власта во заминување свесно ги крши Законите за да се богатат фирми и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Власта во заминување ги крши законите за да може до последниот ден од мандатот да црпи средства од буџетот за сопствено богатење. Стотици граѓани не можат да ги добијат своите субвенции и стипендии бидејќи им е кажано дека техничката влада не смее да врши исплаќање на средства.

Одговорите од министерствата за земјоделие и образовени се идентични – не смеат да се исплаќаат средства бидејќи било спротивно на закон и затоа што станува збор за техничка влада.

Но, истиот тој закон не важи за одредени министерства како министерствата за одбрана и за здравство кои немаат проблем да плаќаат буџетски пари за извршување на јавни набавки. Од една страна се доделуват тендери, јавни набавки и се задолжува државата, а од друга страна имаме илјадници лица кои не можат да дојдат до парите кои им следуваат.

Ваквите двојни аршини јасно покажуваат дека власта во заминување свесно го крши законот за сметка на богатење на фирми и поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се ставаат над законите само за да можат до последен ден да го оштетуваат буџетот.

Укажуваме дека никој не смее да се става над законите и дека и за овие, како и за сите останати злоупотреби ќе следува одговорност“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните