(ВИДЕО) Шилегов: Вештаци од Белград потврдија дека гласот е на Никола Груевски

Од:

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска до Основното Јавно обвинителство достави вештачење на аудио снимката направено во Белград за како што рече коруптивната продажба на Македонска Банка за која според Шилегов директно е инволвиран Никола Груевски.

Прес конеференцијата на Петре Шилегов ви ја пренесуваме интегрално.

„Денеска до Јавното обвинителство доставивме уште еден доказ за скандалозната коруптивна продажба на Македонска банка во којашто е директно инволвиран Никола Груевски. Ова е резултат од вештачењето на аудио снимката направено во Белград од страна овластен судски вештак од областа на информатичка технологија. Ние немавме дилеми. Ама да му помогнеме на обвинителот Зврлевски и тој да нема дилеми. Гласот е на Никола Груевски. Груевски го договорил поткуот од 1.500.000 евра за продажба на Македонска банка. Груевски договорил уште 900.000 евра извлечени на рати во кеш. Лично тој Никола Груевски кој вчера доби мандат да прави уште една Влада, е вмешан во корупција и криминал. Се надеваме дека ова вештачење од релевантна институција ќе му ја олесни работата на јавниот обвинител Зврлевски. Порачуваме дека обвинителот, кој прима плата од народот, е должен да не се раководи од тоа кој го поставил на позицијата, туку да постапи во интерес на граѓаните на Република Македонија“, изјави Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија