(ВИДЕО) Шилегов: Судовите работат како што ќе посака Груевски

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов ја оцени како скандалозна и дилентанска одлуката на судот да не дозволи како доказ да биде изведена аудио снимката за 1,5 милиони евра во кеш.

Посочи дека Груевски преку неговиот адвокат испорачува барања, кои судот потоа му ги исполнува но и праша за кој друг граѓанин судот работи надвор од работното време.

„Никола Груевски бега како ѓавол од крст од аудио снимката и не сака да се соочи со реалноста за тоа кој го правел разговорот за продажба на Македонска банка. Исто така скандалозно е за нас тоа што за потребите на Никола Груевски или за потребите на неговиот полномошник судовите и останатите институции одговараат за 24 часа, додека за потребите на Зоран Заев судовите и по дваесет дена не даваат никакви одговори“, изјави Петре Шилегов портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана