(ВИДЕО) Шилегов: Сме плаќале по 5.000 евра за квадрат, се заборавиле во бунарот!

Од:

Никола Груевски, Зоран Ставревски, Канческа Милеска, молчат. Никаде ги нема. Да објаснат како за само 6 катни гаражи власта потрошила приближно 80.000.000 евра пари на граѓаните, колку што требаше, според најавите, да чини Скопје 2014, рече Петре Шилегов.

Ќе се кријат, кога ниедна здрава логика не може да го оправда фактот дека за по едно паркинг место ни влечеле до неверојатни 50.000 евра!

Ајде сега да видиме колку ни трошеле за метар квадратен во стиропорните и гипсани барокни објекти. До неверојатни 5 ипол илјади евра за м2!

Еве примери. Објектот на Стар театар е на 7.200 м2. За него се потрошени 39.000.000 евра. Значи м2 `не чини 5.000 евра (5.416 евра)!

Screenshot_2

Музејот на ВМРО, располага со 5.100 м2.Чини над 20.000.000 евра. Значи метар квадратен во овој објект изнесува 4.000 евра!

Screenshot_3

За објектот на ЈП Водовод, кој се планира да биде 5.326 метри квадратни, ќе плаќаме по 3.800 евра (3.813 евра) за метар квадратен!

Screenshot_4

Приближно толку, по 3.700 евра (3.722 евра) за метар квадратен плаќаме за објектот на Филхармонија.

Screenshot_5

3.100 евра (3.128 евра) по квадрат за Државниот архив.

Screenshot_6

Во зградата на АЕК еден метар квадратен е неверојатни 3.000 евра (2.949 евра)!

Screenshot_7
Само за споредба, просечна цена на стан во Скопје, според Државниот завод за статистика, е 900 евра по метар квадратен. Најскапиот станбен простор во Скопје е 1300 евра. Овој просекот на државно ниво е под 750 евра!

Ако се земе предвид и дека градежната цена на становите е 300 – 500 евра за метар квадратен, тогаш навистина, што правела власта со по 3.000, 4.000, 5.000 евра за метар квадратен?!

Се изгубиле во бунарот без дно, се заборавиле во можностите што ги виделе во Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија