(ВИДЕО) Шилегов: Што побргу Иванов го додели мандатот, толку побргу ќе се стабилизира Македонија

Од:

Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов по денешната прес конференција одговарајќи на новинарски прашања изјави дека Ѓорѓе Иванов треба да престане со одолговлекување и да го додели мандатот за да се стабилизира ситуацијата во Македонија.

Претседателот Иванов денеска кажа дека не се отстранети пречките за давање мандат. Кој е вашиот став по однос на ова и што ќе преземете по однос на избор на Претседател на Собранието?

Единствените пречки во овој момент во Македонија се токму Ѓорге Иванов и Никола Груевски. Ѓорге Иванов треба да престане со одолговлекување бидејќи на тој начин го штити Никола Груевски и криминалното раководство од спроведување на волјата на мнозинството граѓани во државата, а тоа е да се основа нова реформска европска влада. Што побргу го додели мандатот, толку побргу ќе се стабилизира Македонија.

Што доколку не го додели мандатот? Ќе одите ли на избор на претседател на Собранието, затоа што најавивте и консултации?

Најавивме дека во текот на оваа недела, со партиите кои го претставуваат владиното мнозинство ќе извршиме консултации за да се продолжи конститутивната седница на Собранието на Р.М. Штом за тоа ќе имаме созреана информација за споделување со јавноста, тогаш ќе ја споделиме.

Дали по завршување на консултациите ќе одите кај Иванов со предлог?

Ќе мораме прво да ја завршиме конститутивната седница, па потоа ќе предложиме. Иако, повотрувам, не постојат ниту уставни, ниту законски ниту било каков друг вид на пречки за да се даде мандатот на претседателот на СДСМ, со што би имале мирен трансфер на власта.

Имате начелна согралснот за Претседател на Собранието?

Консултациите се во тек, како што кажав, штом ќе имаме било каква информација, ќе ја споделиме со јавноста.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он