(ВИДЕО) Шилегов: Предметите одат кај Специјалниот обвинител, Зврлевски нека си поднесе оставка

Од:

„Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на Специјалниот јавен обвинител. Тој е единствениот кој во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски може да донесе одлуки во коишто ќе верува јавноста во Македонија.

Се покажа непрофесионалноста на Марко Зврлески кој е во директен линк со Никола Груевски“, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Напразно Зврлески сака да покаже дека наводно нешто почнал да работи.

Половина година од објавата на доказите од прислушувањето и поднесените кривични пријави, не е покрената ниту една постапка.

Соопштението од Зврлески следува откако е договорено Специјален јавен обвинител да ги работи предметите за функционерите чијашто одговорност тој ја крие.

Ако добро се проследи она што го напишал Зврлески, тој не се осмелил ниту еднаш да го спомене името на Никола Груевски, а не пак да го викне на распит, и покрај огромниот скандал со парцелите на Водно во којшто е вмешан Груевски како премиер.

Обвинителството не постапило по допрен глас за ниту една од снимките за коишто не е поднесена кривична пријава, а особено снимката која открива криминал со автопатиштата во коишто е вмешан Груевски со сериозни индиции за барање мито меѓу 15 и 18 милиони евра, како и за низа други афери во коишто е вмешан Груевски.

Освен Мијалков, ниту еден од високите владини и партиски функционери вмешани во скандалите не е викнат на распит.

За ниту еден од нив нема мерка за обезбедување.

Сите тие сеуште ги извршуваат своите функции, а можат да ја попречат истрагата, да влијаат на сведоци или да уништат доказен материјал.

Марко Зврлески не смее и не може да донесе одлуки по предметите.Зврлески нема ни морален ни професионален интегритет и кредибилитет .

Токму затоа е договорен Специјален јавен обвинител.Ништо не е ниту разјаснето, ниту готово.

Единствено што може да направи Марко Зврлески е да си поднесе оставка“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски