(ВИДЕО) Шилегов: Потребни се итни промени на власта, бизнисот на Кочан во Ѓорче е уште една потврда на тоа

Од:

„Oва зад мене е деловниот простор Емпорио Мол што го гради фирмата Трансмет во сопственост на Сеат Кочан, медиумскиот и бизнис партнер во бегство на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Овој објект е класичен пример за тоа како власта на ВМРО-ДПМНЕ, независно дали на општинско или на државно ниво, се интересира само за сопствените бизнис интреси, а не за интересите на граѓаните.

Првичниот проект предвидувал деловен простор од 15.000 квадратни метри од коишто, во најголем дел, 11.400 квадратни метри деловен простор за Трансмет. Беше предвиден простор од само 3.600 квадратни метри за општина Ѓорче Петров, односно за потребите на граѓаните.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров прави измена на ДУП и му овозможи на Трансмет нови 15.000 квадратни метри деловен простор. предвидените 3.600 метри квадратни за општината остануваат непроменети.

Граѓаните се излажани, законите се изиграни. Наместо да добијат 25 проценти од комплексот, согласно договорот, Општината и државата сега имаат двојно помалку простор, додека просторот за Кочан двојно расте.

Потребни се итни промени на власта, бизнисот за Кочан во Ѓорче е уште една потврда на тоа
Дополнително, со промените Кочан и Трансмет добиваат дури 40% попуст за комуналии!

Ова е само еден од многуте бизниси што ги доби Кочан од власта на Груевски во заминување. Ваквите зделки се уште една потврда дека што побрзо мора да се спроведе мнозинската волја на граѓаните за промени и да се овозможи да функционира правдата.

Криминалците не смеат да бегаат од државата и ни ден повеќе да раководат со парите на граѓаните и со Р.Македонија.

На Македонија и е итно потребна нова реформска Влада којашто ќе се грижи за граѓаните и ќе обезбеди функционална држава“ изјави Шилегов на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ