„Очекувам победа денеска, победа на животот во Македонија, враќање на животот во Македонија.
Согласно Уставот и законите сите граѓани на Република Македонија имаат еднакви права, меѓутоа и еднакви обврски.
Очекувам дека секој од вас денеска во што е можно поголем број ќе ја оствари сопствената граѓанска должност и да гласа.
Од утре очекувам дека Македонија конечно, ќе почнеме да градиме едно општество, општество без подлеби, општество во кое што понатаму нема да биде важно, кој сте, што сте, на која политичка партија, на која вера, или на која нација и припаѓате.
Македонија е една единствена, Унитарна држава, таква ќе биде, и таква останува.
Очекувам победа за Живот во Македонија“, изјави Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ 6.