(ВИДЕО) Шилегов: Очигледно масло на нарачателите на прислушувањето Груевски и Мијалков

Од:

„Нарачаните текстови по курирски медиуми и пуштање прислушувани разговори по косовски медиуми се очигледно масло на ВМРО-ДПМНЕ, на нарачателите на прислушувањето во Македонија, обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска.

Сите разговори од „Вистината за Македонија“ што ги поседуваше СДСМ се во Специјалното јавно обвинителство.

Предупредивме дека нарачателите на прислушувањето, Груевски, Мијалков и соработниците ќе се обидат да користат материјали што ги поседуваат за уцени за разни цели и тоа сега се покажува со пораките што очигледно му ги праќаат на коалицискиот партнер Ахмети.

Ако фамилијата мисли дека со овој потег влева несигурност кај граѓаните – им порачуваме дека пукаат во празно – стравот е сега преселен кај обвинетиот Груевски и осомничените Мијалков и Јанкулоска, зашто правдата доаѓа. Граѓаните го надминаа стравот и сега единствено што ги интересира е одговорност за прислушувањето и одговорниот да одговара.

Бараме од СЈО и од правосудството да го санкционира нелегалното прислушување.

Казната за тој што прислушувал е најголема гаранција дека тоа зло нема да се повтори. Медиумите кои под задача на Груевски лажат дека прислушуваните разговори биле наводно објавувани од СДСМ, ќе одговараат на суд за клеветите што ги шират“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски