Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, по прес конференцијата одговараше на прашањата на новинарите.
Што содржи документот којшто беше испратен до ДУИ, и дали истиот е испратен и до БЕСА и Алијансата за Албанците?
Документот доставен до ДУИ во својата содржина е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата.
Дали е доставен до БЕСА и Алијансата или само до ДУИ?
Доставен е до ДУИ. Во тек на вчерашниот ден колку што знам имале консултации помеѓу себе.
Дали имате повратен одговор за текстот?
Сега за сега, не. Нашите очекувања се дека повратниот одговор ќе бидат потписите за состав на Владата.
Дали е спорен законот за употреба на албанскиот јазик, може ли некои детали бидејќи разни шпекулации излегуваат?
Кажавме и тогаш, ќе дадеме и наш осврт на целокупната таа состојба од позиција на мандатар на Владата. Претседателот Заев ќе се осврне на сите тие прашања.
Има ли рок, до кога ќе чекате?
Секој политички субјект во Република Македонија треба да е свесен и одговорен за тежината и државна, и политичка, и општествена во којашто се наоѓа Република Македонија и согласно тоа треба да ги носи сопствените одлуки и да ја понесе сопствената одговорност.
Не останува многу време до одржување на локалните избори дали СДСМ е подготвена за локалните избори?
Веќе знаете дека Централниот одбор на СДСМ во текот на Јануари месец одржа тематска седница на којашто започнаа да течат роковите до нашите општински организации, за започнување на постапката и процедурата за локалните избори.
Имате ли комуникација со ДУИ?
Техничка комуникација постои помеѓу неформална комуникација, помеѓу претседателите на партиите. Тоа се телефонски јавувања, слушања, што е секојдневие во нашата работа.
Очекуваме дека предлог документот којшто го доставивме до ДУИ, ќе обезбеди истите да ги дадат потписите за добивањето на мандат состав на Владата на Република Македонија.
Дали ви се обратиле од ДУИ, со барање за дообјаснување нешто, за елаборирање или појаснување?
Кажав на неколку пати, очекуваме дека тој документ ќе ги обезбеди потписите.
Што е со нејаснотиите околу употребата на Албанскиот јазик, велат дека тој е спорниот дел?
Шпелулациите по медиумите на неколку пати во изминатиов период кажавме дека нема да ги коментираме затоа што тоа се сериозни теми. Темите за прашањата за коешто конкретно ми го упатувате прашањето ќе ги коментираме од позиција на мандатари на Владата на Република Македонија.
Во јавноста се појави идеа за Македонска платформа, во која што не треба да ја одбијат ниту една од Македонските партии кој е вашиот став?
СДСМ на минатите избори излезе со став дека градиме едно општество, на единствени граѓани еднакви по правата и еднакви по обврските, тоа е единствената иднина на Република Македонија.