(ВИДЕО) Шилегов: Ќе се покрене одговорност за судии кои го штитат криминалот

Од:

„Неажурноста, скандалозното и противправно одложување на притворите до правосилноста на решенијата за притвор и останатите преседани во работата на судовите особено по предметите на Специјалното јавно обвинителство им овозможија на лицата Горан Грујовски и Никола Бошковски обвинети за тешки кривични дела, да избегнат соочување со правдата. Наместо да се борат против криминалот, судските органи, пред се Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, се ставија во директна заштита на криминалот и криминалците.

Смисленото бегство на Грујовски и Бошковски е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомненија за нивната вмешаност во делата за кои се товарат.

Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено, со ова се остава простор за останатите обвинети во случаите коишто ги води Специјалното јавно обвинителство за кои наместо притвор се донесени мерки на претпазливост, во секој момент да можат да избегаат и да станат недостапни.

Ваквото дерогирање на правниот систем и владеењето на правото од страна на Сваровски судството, комплетно ја урниса довербата на граѓаните во правосудството и го отвора прашањето за одговорноста на повисоките судски органи.

Срамното и криминално работење на Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, само ги потврди тврдењата на СДСМ дека дел од судството работи под партиска контрола и единствено во функција за заштита на криминалците. СДСМ како во изминатиот период, така и во иднина, ќе работи на професионализација на институциите, но и на покренување на постапки за одговорност на судиите и судските органи кои работат непрофесионално, недоследно и во заштита на криминалот. Нема да дозволиме ваквото срамно и криминално постапување на судовите да остане неказнето“, изјави Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски