(ВИДЕО) Шилегов: Каде е денеска Груевски пред расипаната 5 милионска патриотска гаража?

Од:

Пресечената црвена машничка на Груевски, за катната гаража наречена Солунски конгрес, иако тешка неверојатни 5.5 милиони евра, мораше на преврска. Лифтовите се тресат, возилата и луѓето не се безбедни. На 8 септември, денот на државноста, лично премиерот Груевски грандиозно ја пушти во употреба гаражата, во чест на конгресите на Македонската револуционерна борба и на Илинденското востание, рече Петре Шилегов.

Гаражата Солунски конгрес издржа месец ипол и пред два дена е затворена. Не успеа да го дочека денот на Македонската револуционерна борба.

Каде се денеска Груевски и неговите придружници да им објаснат на граѓаните: како е можно, во нова гаража, за која се дадени 5.5 милиони евра народни пари, лифтовите да вибрираат, а на столбовите да им требаат стабилизатори?

Garaza Sudska palata raspad4

Нели лично Груевски гарантираше безбедност во сообраќајот?

Нели Директорот за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов рече дека паркингот гарантира 100 процентна сигурност на возилата?

Гаражата ќе биде затворена следните 10 дена да се појача, ама објектот е направен најквалитетно, што ги надминувал објектите од ваков тип во Југоисточна Европа?! Да не беше трагично ова ќе беше смешно.

Garaza Sudska palata raspad7jpg

Овој проблем со милионските неквалитетни катни гаражи што никнат како печурки не е единствен.

Garaza Sudska palata raspad5jpg

Само некој километар понатаму, во мувла и влага “се топат“ над 5 милиони и 600 илјади евра за гаражата кај Судска палата. Тројката Груевски, Ставрески и Тодоровиќ за оваа гаража пресече црвена лента непосредно пред локалните избори, но само година ипол подоцна, погледнете: плафонот прокиснува, ѕидовите се распаѓаат, инсталацијата е меѓу влага, вода протекува од сите страни, мувла го рони објектот.

Ние граѓаните за овие објекти тројно плаќаме: за подигнатите кредити во милиони евра, за огромните камати за кредитите и за скапиот паркинг простор.

Ова е вистинското лице на патриотската власт на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек