(ВИДЕО) Шилегов: Јолевски да објасни дали средбата со Рохрабакер е повод за изјавите за поделба на Македонија

Од:

„Зоран Јолевски,министерот од ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни што се зборувало на неговата средба со Дејна Рохрабакер. Дали таа средба е повод за контроверзните изјави на американскиот конгресмен за распад и поделба на Македонија?

Министерството за одбрана пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби и дали македонската јавност треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски?
Ако според официјалните информации посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети? Кој го платил преклопувањето на партијата и државата и дали Јолевски од позиција на министер лобирал за партиски интереси?

Недозволиво е министер за одбрана да користи привилегии за да организира приватни екскурзии и средби низ светот, а веднаш по неговите средби да излегуваат изјави дека Македонија наводно ќе се распадне.

СДСМ им порачува на граѓаните да бидат спокојни. Македонија нема да се распадне. Единствено што што ќе се распадне е криминално-коруптивниот систем што го создаде Никола Груевски. Промените кои што ги носи СДСМ се гаранција за стабилноста на Република Македонија. Доаѓа живот за сите граѓани“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните