(ВИДЕО) Шилегов: Јанакиески продал земјиште од 1 милион евра за само 126 илјади евра?!

Од:

„Дали е на повидок нов скандал со багателна продажба на скапо државно земјиште во центарот на Скопје во којшто е вмешана власта на Груевски е одговор што треба веднаш да и го даде на јавноста министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Јанакиески дозволил продажба на државно земјиште на атрактивна локација среде Скопје, кај зградата на Авто Македонија, за само 100 евра по метар квадратен!

Еве документ.

dokumentiProdazba (2)

Министерството за транспорт и врски, на јавното наддавање во јуни 2012 година, продало две парцели кај Авто Македонија со вкупна површина од 1.245 метри квадратни.

Цената е 7.656.750 денари, или 6.150 денари за метар квадратен. Значи 100 евра по м2.

Но еве што излегува на површина.

dokumentiProdazba (3)

Според овој Имотен лист, купувачот на земјиштето, во март годинава, ова земјиште го заложил под хипотека за кредит, во вреденост од 19.988.000 денари, или 327.672 евра!

dokumentiProdazba (4)

Сега, бидејќи банките одобруваат кредит што е третина од вистинската вредност на заложениот имот, а во случајов станува збор за кредит од над 300.000 илјади евра, дали ова упатува дека вистинската вредност на земјиштето што Јанакиески го продал за 126.000 евра всушност изнесува околу 1.000.000 евра?!

Значи соработникот на Груевски, Миле Јанакиески продал државно градежно земјиште дури 8 пати помалку од вистинската вредност?

dokumentiProdazba (5)

Ако е така, за какви интереси го направил тоа Јанакиески, кога решил да ги оштети граѓаните за над 800.000 евра?

Дали бизнис интересите на власта на Никола Груевски ја одредуваат цената на државните земјишта?

dokumentiProdazba-6

На овој простор требаше да никне уште една гаража на што категорично се спротивставуваат граѓаните од овој дел на Скопје, бидејки ќе им го блокира единствениот пристап за Брза помош и противпожарните возила.

dokumentiProdazba (1)

Овие документи што откриваат евтината продажба на скапо државно земјиште, отвораат сериозни сомнежи:

Што `се друго кријат сомнителните градби во центарот на Скопје“, прашува Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата