(ВИДЕО) Шилегов: Иванов ги крши Уставот и Законите и ги доведува во опасност граѓаните и државата!

Од:

„Укажуваме дека Ѓорѓе Иванов ги крши Уставот и законите и дека тоа повлекува одговорност за Иванов!

Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира.
Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев.

Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик.

Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

По дадената изјава, портпаролот на СДСМ, одговараше на новинарските прашања.

Господине Шилегов дали почнавте веќе да собирате потписи?

Граѓаните во текот на предвремените избори во голем број гласаа за промени, граѓаните не треба да се загрижени. СДСМ работи на изнаоѓање на решение коешто ќе доведе до брзо, ефикасно формирање на нова влада, којашто влада ќе ги надмине проблемите во Република Македонија и ќе го подобри животот на граѓаните.

Тоа значи дека можете да обезбедите парламентарно мнозинство?

Секоја информација којашто ќе биде зрела за споделување, ја споделуваме најтранспарентно. Повторувам, не треба да се грижат граѓаните, СДСМ работи на изнаоѓање на решение коешто ќе дојде до формирање на нова влада.

Како ги коментирате условите коишто треба да бидат содржани во програмата според Иванов?

Ниту во Уставот, ниту во Законот за влада, не постои обврска на мандатар да презентира било каква програма до Ѓорѓе Иванов. Програмата се презентира до пратениците и таа е предмет на усвојување од страна на Собранието, не од страна на Иванов.

Дали ќе поднесете барање за одговорност за претседателот Иванов за овие постапки?

Ѓорге Иванов е за жал, лик, којшто ја одбележа заштитата на криминалот на Никола Груевски. Тој заминува во политичката историја во истиот момент кога тоа ќе се случи со Никола Груевски со формирањето на новата влада.

Дали ако формирате нова влада, точни ли се информациите дека ќе има реизбор на голем број судии?

Една од програмските определби на СДСМ беше целосен реизбор во судството во Македонија, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата