(ВИДЕО) Шилегов: Груевски сака пролевање крв, но нема да се спаси

Од:

Социјалдемократскиот сојуз порачува веднаш да престанат насилствата врз новинари, критичари на власта, неистомисленици, врз припадници на опозицијата, што зачестија изминативе неколку месеци, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Укажуваме дека инцидентот што се случи вчера врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, во којшто Марјан Стаменковски заврши со скршена глава и скршен нос со метални шипки, ја прелева чашата на трпението, што може да има натамошни сериозни последици.

Надлежните органи, пред се професионалците во МВР мора веднаш да најдат сила да одолеат на партиските притисоци, да отворат истрага и да го расветлат вчерашниот вандалски напад врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, но и сите претходни, а ги има многу.

Повторуваме дека тоа што во Владата сеуште седи тепачот на сопственикот на порталот Мактел, лично вицепремиерот Владимир Пешевски, без да биде покрената каква било постапка против него упатува на скандалозен факт дека нарачател на насилствата е самата власт.

Врв на апсурдот е што синоќа, неколку часа по нападот врз Стаменковски, Ивановски бил повикан во полиција за да му соопштат дека тој ќе биде казнет со 300 евра за тупаниците што ги доби од послушникот на Груевски во ТВ Сител, Александар Спасовски.

Потенцираме дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение порача дека ќе завршат како новинарот Ивановски сите кои со своите прашања го вознемирувале премиерот или функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, мотивира и стимулира насилство.

Како што знаете, со повреди на главата од шипки веќе заврши претседателот на ОО на СДСМ во Центар. Запалени се автомобили на неколкумина поддржувачи на СДСМ, во коишто инциденти еден од нив почина од срцев удар.

Да не говориме за поставувањето венец пред врата на новинар на порталот НОВА и за заканите врз граѓански активисти кои ги критикуваат неразумните политики на власта.

Дали ова е намерата на власта на Никола Груевски, преку пролевање на крв да се спаси од сопствената одговорност?

Порачуваме, дека Груевски и неговите соработници ќе одговараат за сите повреди врз граѓаните на Република Македонија.

Ќе одговараат и тоа многу брзо и оние кои ги кријат и помагаат насилничките инциденти коишто не се ништо друго туку безуспешни обиди да се заплаши критичката јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски