(ВИДЕО) Шилегов: Груевски призна дека се збогатил 118.629 евра за една година, сега мора да каже како!

Од:

„Никола Груевски призна дека му успеало тоа што не му успева веројатно на ниту еден граѓанин во Македонија, да штеди по 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра месечно!

На неговите денарски и девизни сметки за само една година да стави 118.629 евра!

Никола Груевски по оваа информација од неговите анкетни листови од 2014 и 2015 година, што ги сокри Антикорупциската комисија, единствено што имаше да каже е оправдувањето дека заработувал само плата, а листовите не знае како исчезнале од страницата на комисијата.

Никола Груевски излажа“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Платата на Груевски му била 88.139 денари, или околу 1.400 евра.

Да ја штедел Груевски целата своја плата, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра. А не 118.629 евра.

Еве во овие анкетни листови самиот Груевски пријавувал уплати на девизни и денарски сметки од 300.000 до 3.000.000 денари и за нив во графата основ на стекнување или не дал податок, или рекол дека ги стекнал “на друг начин“.

Никола Груевски е должен на 500-те илјади граѓани кои доведе со неговите политики на раб на сиромаштија да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија за оф шор релациите на Груевски со рајски земји, за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно.

Дали Груевски незаконски се богати?

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци.

Антикорупциската комисија којашто “случајно“ ги сокри анкетните листови за имотната состојба на Груевски за 2014 и 2015 година не може да го спаси Груевски.

Не може да го спаси ни нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов, за него и за неговите соработници.

Да не се теши Груевски дека нема да има поништување на аболицијата. Ќе има. И сите кои правеле злоупотреби ќе поднесат сметка пред граѓаните на Република Македонија“, рече Шилегов.

П1: Чибишев денес повторно ве  прозва за вашите станови. Тој зборува за вашите станови, вие зборувате за богатењето на Груевски. Нели е ова замајување на јавноста за вистинските проблеми што постојат во државата?

Познато е ВМРО-ДПМНЕ по спинување на клучните моменти. Клучниот момент и во политичкиот живот во РМ е сериозната политичка криза предизвикана од криминалната аболиција од криминалецот Никола Груевски и неговата банда. Каков е, што е и колкав е имотот на Шилегов е споредно прашање во однос на овие големи прашања. Мојот имот е предмет на истражување 8 или 9 пат на потеклото на имотот и ваквите партизирани институции не можат да најдат ништо незаконите во тој имот. Од тука префрлањето на топката од вистинскиот криминал со милијарди евра во изминатите 10 години кон луѓето што чесно ги заработуваат парите и плаќаат своите даноци во матичната држава, не е ништо друго освен замајување на јавноста. 

П2: Дали опозицијата е во депресија бидејќи нема политички дијалог, Емил Димитриев функционира како премиер, а не како технички премиер на Владата?

Паниката и депресијата се карактеристика на ВМРО ДПМНЕ токму од тие причини. Можете да разберете внатре во ВМРО ДПМНЕ за да извршат аболиција на 56 лица, на некој 16 пати, некој 6, некој 11 пати. ТОа зборува се. Зголемување на нивото на кризата е свесно со цел да се одбегне и да се замае јавноста од клучното прашање – криминалот со државни пари на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

П3: Дали во идната влада, било таа да е техничка, широка, нормална имаат место луѓето што се под истрага на СЈО. Ова меѓу редови го кажа при последната посета заменикот министерот за надворешни работи на Холандија, Де Грот.

Ако Македонија беше правна држава каква што не  е, луѓето што се огрешиле од пред законот и коишто се предмет на истрага до сега требаше да бидат во затвор.

П4: Дали воопшто има некакви разговори околу решавање на оваа статус кво ситуација и каков е вашиот став во однос на иницијативата на ДУИ да се обнови политичкиот дијалог?

И ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ многу брзо во Собранието на Република Македонија ќе мораат да се произнесат во однос на прашањето што остана нерешено а што е сериозен предизивикувач на политичката криза, тоа е аболицијата. Додека целосно не се поништи нарачаната аболиција за криминалците од врвот на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, не може да стане збор за политички дијалог. Во оваа држава, правото или ќе владее за сите, или нема да владее за никого. Додека не се поништи криминалната аболиција на Горѓе Иванов не може да стане збор за политички дијалог.

П5: Имаше шпекулации дека сакате да ја трампате аболицијата за место во Владата. Дали е тоа точно?

Тоа е денешен спин од провладините пропагандистички куќи. Јасно и децидно, Никола Груевски може само да сонува за прифаќање на аболиција. Аболицијата во Република Македонија ќе се поништи и ние знаеме дека тоа е најголемиот кошмар на Никола Груевски. Прифаќање на било какво шпекулирање околу можности за непоништување на аболицијата е само сон што никогаш нема да се реализира на Никола Груевски.

П6: Господине Шилегов дали се сметате за имотен човек или човек којшто припаѓа на средната класа?

Петре Шилегов 22 години функционира на пазарот на Република Македонија.И се имам стекнато со околку имот колку што моите легално пријавени приходи во институциите на оваа држава, ми дозволиле. Ако сакате можам да елаборирам иако мислам дека навистина предметот на интересот на јавноста треба да бидат луѓето кои ги крадат државните пари, а не како ги трошам јас своите лични средства. Можам на било кој медиум, надвор од прес конференција да ме повикате и да ви го елаборирам целокупниот имот, со начинот на којшто сум се стекнал. И од тоа нитѕ имам намера, ниту сакам, ниту бегам. Јас сум горд на себе и на својата успешна адвокатска кариера. Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ, на криминалецот Груевски му смета и политичкиот успех како на Шилегов така и на актуелното раководство на СДСМ. Во Република Македонија, законите треба да важат за сите подеднакво, најпрво за владејачката структура којашто ги краде државните пари, меѓутоа и понатаму за сите граѓани.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега