(ВИДЕО) Шилегов: Груевски е подготвен за барањата на опозицијата

Од:

Иако Никола Груевски, на различни начини, најавуваше дека веднаш по констатирањето на оставките, власта ќе распише вонредни избори за пополнување на испразнетите места на опозицијата, тоа не се случи, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Со денешната одлука, да не се констатираат оставките на пратениците, може слободно да се заклучи дека Груевски е подготвен да разговара за барањата на опозицијата, додаде тој.

Оттука следно што се очекува е одржување средба на којашто претседателот Заев ќе ги соопшти барањата на опозицијата, што ќе бидат теми на можните разговори за надминување на последиците од нерегуларните избори.

Потенцираме дека политичкиот дијалог што се водеше помеѓу власта и опозицијата изминатата година и договорите што беа постигнати, не беа практично реализирани, напротив беа несовесно злоупотребени од страна на Груевски.

Затоа, се што евентуално ќе се договора во иднина, ќе се смета за договорено, само ако во спроведувањето на договореното, биде целосно вклучена опозицијата и при тоа гарант биде претставник на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците