(ВИДЕО) Шилегов: Директорите на училиштата да не влегуваат во сценаријата на Груевски, ќе има одговорност!

Од:

„Се обраќаме до директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза:

Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните!

Директорите на средните училишта кои добиле наредба од раководството на ВМРО-ДПМНЕ утре да ја прекинат наставата и да ги носат децата на партиските протести, должни се, да се спротивстават!

Груевски ги повлекува директорите на училиштата и наставниот кадар да кршат закон и ги вовлекува во кривични дела! Апелираме, професорите и наставниците да не влегуваат во хистеријата што ја наметнува Груевски, во којашто инволвира и деца! Советите на родители и наставници да не стојат настрана од потезите на инструираните директори, туку да преземат мерки за заштита на учениците!

Повикуваме сите граѓани да останат мирни. Да не влегуваат во сценаријата на Груевски за уништување и распад на Македонија.

Целата домашна и меѓународна јавност вчера ја виде вистинската намера на Груевски, кој е во огромна паника од промените што се ближат, затоа што тие носат нова реформска Влада, но и правда и одговорност за десетгодишните криминали и злоупотреби на граѓаните.

Нема да му успее на Груевски да ја нема Македонија, како што тој вчера изјави.

Држава ќе има, криминали ќе нема! Амнестија за криминалите ќе нема!

Груевски ја создаде политичката криза, ја претвори Македонија во режим и наштети на интересите на граѓаните. Тој не може да биде дел од решението за Македонија.

СДСМ веќе го објави единствениот документ којшто е во интерес на Македонија и граѓаните, а тоа е програмата на новата реформска Влада. Ќе има и нова реформска Влада којашто ќе им овозможи квалитетен, заеднички и безбеден живот во Македонија. Груевски и Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски