(ВИДЕО) Шилегов: Дали зад противењето на реформите во медиумите се кријат бизнис интереси?

Од:

Поврзаноста на медиумскиот мрак и корупцијата, односно личното богатење на главните медиумски протагонисти на Никола Груевски се уште една причина зошто се потребни реформи во медиумите. Јавноста знае дека Драган Павловиќ-Латас, куќниот пријател на Никола Груевски и одговорен уредник на Сител телевизија, е управител или сопственик на неколку фирми преку коишто врти илјадници евра, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Во продолжение Шилегов кажа:

Но, зошто сите фирми кои беа во заедничка сопственост на Латас и Ивона Талеска, со седиште на Градски стадион бб, каде што е седиштето и на Сител телевизија се неактивни?

·          ЛИНЕА МЕДИА ДОО Скопје неактивна
·          ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ Скопје неактивна
·          СМАРТ АНАЛИТИКС Скопје неактивна
·          Тотал Медиа ПР неактивна
·          МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје неактивна

Зошто се затворени фирмите преку коишто се остваруваа приходи од илјадници евра?

На пример, ТОТАЛ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје, каде управител е главниот и одговорен уредник на телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, со нула вработени, во 2011 година остварила приходи од 264 илјади евра.

Во период од 2011 до 2014 година оваа фирма остварила приходи од 687 илјади евра приходи, со нула вработени.

Што крие уредничкото дуо од Сител Телевизија?

Дали противењето на некои медиуми, по секоја цена да не се спроведат реформи во медиумската сфера, не се ништо друго освен штитење на бизнис интересите и личното богатство на главните уредници-протагонисти на Никола Груевски?

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања