(ВИДЕО) Шилегов: Ајде подлабоко во бунарот да го видите леглото на милионите во Скопје 2014

Од:

Министерството за култура напиша долго соопштение, вообичаено кога немааат аргументи, полно со навреди и напади. Ама во зборовите во 32-та реда, избегнаа бројки. Нема ниедна. Го напаѓаа СДСМ, ме напаѓаа мене, но не оспорија ниту еден податок. Не најдоа ниту една грешка. Затоа што не можат – се е точно и докажано, рече Петре Шилегов.

Министерството за култура во вчерашната пишана реакција само потврдува дека објектите во Скопје 2014 се и до 6 пати поскапи од планираното!

Цените на поединчени објекти се до 35 милиони евра повисоки од ветените.

Зградите и ентериерот се поскапи, на пример, од еден од најпознатите современи музеи, овој, музејот Гугенхаим во Билбао, прогласен за можеби најважно современо дело во архитектурата, којшто во првите три години и донесе на локалната економија околу 500 милиони евра.

Screenshot_7

Зошто е така?

Зошто Министерството за култура не одговори: Како се случи Музејот на ВМРО да биде 15.000.000 евра поскап од најавените 4.500.000 евра?

Screenshot_8

Еве една причина: повеќе од половина од оваа разлика, над 8 милиони евра (8.155.925) се потрошени на договори во четири очи. Повеќе од половина! Од вкупно 150 склучени договори, дури 130 се договори склучени во четири очи!

Прашавме, а власта на Груевски не одговори: Зошто Стариот театар е дури 6 пати поскап од најавеното?

Screenshot_9

Еве една, иста причина: повеќе од 5 милиони евра (5.463.674) власта на Груевски потрошила за договори без отворена постапка!

За Државниот архив, власта на Груевски потрошила над 30 милиони евра (30.126.653) за договори без отворена постапка!

Screenshot_10

Нема објект од Скопје 2014 што поминал без анекс!

Од сите достапни договори, според официјалните документи, дури над 60 проценти од договорите се без отворена постапка. Само околу третина од договорите, се доделени низ отворена постапка.

Од достапните, над 800 договори, само 276 се со отворена постапка.

Значи, договор во 4 очи завршува со 4 пати повисока цена од планираната.

Што повеќе договори во четири очи – толку повисока цена.

Колку повеќе анекси – толку поголема сума.

Денеска е веројатно уште појасно од вчера, зошто бунарот е без дно.

Очигледно некој цица огромни пари, што ги испумпува преку анекс-договори и тендери со еден понудувач!

Ова се сериозни индиции за незаконски потрошени милиони евра народни пари.

Дури и Европската комисија и Фридом Хаус, Проектот Скопје 2014 и тенредската процедура ги ставија во категоријата на корупција.

СДСМ ќе продолжи да разобличува, по што е најголем Проектот Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски