(ВИДЕО) Шеќеринска: Со бизнис-бонбони голем ќар за функционери на власта

Од:

Радмила Шеќеринска ги наброја сите , како што рече бизнис-бонбони од кои преку Регулаторната комисија се офајдиле многумина, а сето тоа е на грбот на граѓаните. Последица, рече, се зголемувањата на цените на струјата и парното.

„20 минути говореше претседателот на Регулаторна, но не кажа за цените на парното.Оди по јајца зошто треба да се види списокот кои функционери на ВМРО-ДПМНЕ се акционери во Топлификација. И кога манипулираат, повеќе лажат, поскапувањето на струјата е над 20 проценти, а не како што се кажува само 10-тина. Ова е поради скриеното укинување на евтината дневна тарифа“, рече Шеќеринска.

„Јавашлукот и бизнис-бонбоните, граѓаните го плаќаат со поскапи цени“, рече Шеќеринска и му остави, бонбона на спикерот Трајко Вељаноски.

„Ваши се бонбоните, вие сте по бонбоните. Вие друго бонбонче земавте, благодарам на бонбоната“, одговори Вељаноски.

Од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека Шеќеринска ја има мувата на капата со продажбата на ЕСМ и увозот на струја во време на СДСМ.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on